Хан: Барам решение за доброто на вашата држава

Од:

Јоханес Хан, еврокомесарот за соседска политика и за преговори за проширување на ЕУ, се сретна со лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

По средбата немаше изјави за новинарите, Хан само кусо кажа дека не може ништо да коментира додека не се сретне и со претставници на власта и на опозицијата.

– Се обидувам да најдам решение за доброто на вашата држава, не можам ништо друго да кажам додека не се сретнам со сите претставници – кусо изјави Хан.

По средбата со Заев, еврокомесарот треба да се сретне со премиерот Никола Груевски.

Претходно Хан се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и со заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Фатмир Бесими.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он