Денеска е посебен ден, Ден на палачинките.
Нејзино величество палачинка заслужува да се раскаже нејзината историја.
Првата палачинка ја направи готвачот на папата Гелацие Први, кој во 492 година замесил вода, јајца и брашно, за да ги нахрани многубројните верници. Новото јадење го нарече плацента или во слободен превод – плоча.
Излезе дека ова е голем изум, со оглед на тоа дека може да се јаде во блага и солена варијанта, со се и сешто, но и без ништо.
Има уште една занимливост поврзана со палачинките. Наполеон, наводно, пред секоја битка секогаш печел палачинки со надеж дека ниту една нема да му падне, затоа што тоа било лош знак.
Но, легендата вели дека по вртењето на палачинката во воздух, ја промашил тавата и палачинката паднала. Тоа се случило кога се одлучил да појде во битка за освојување на Москва.