Утрово околу 7:30 часот, 34-годишниот скопјанец И.Л. додека ја преминувал улицата со својот мотор удрил во Н.А. туркајќи го на земја, информираат од МВР.
18-годишните Б.Ф и А.Г. биле во близина и веднаш притрчале да му помогнат на пешакот, прекорувајќи го моторџијата за неговата невнимателност.
Иако бил виновен, И.Л. влегол во расправија и пресметка со младите момчиња. Едното од момчињата во одбрана, земал метла од уличните чистачи и почнал да го удира моторџијата по глава.
За кратко дошла и полицијата, па драмата пред Рамстор продолжила да ги анимира минувачите.
Од МВР информираат дека старецот кој бил прегазен поминал со полесни повреди, но, сепак бил пренесен во болница.