Министерот за одбрана на Египет, Седки Соби соопшти дека само неколку часа откако Каиро изврши напад на позициите на џихадистите во Либија е потпишан договор за набавка на 24 борбени авиони од типот „рафал“ од Франција.
Тој во присуство на својот француски колега, Жан Ив Ле Дриан рече дека договорот за воена соработка претставува нов почеток за стратешките односи помеѓу двете држави.
Минатата недела неименувано официјално лице од француското Министерство за одбрана изјави дека вкупната вредност на авионите изнесува 5,2 милијарди евра.
Како што пренесе „Франс прес“ ова е прв договор кој Франција го потпишала за извоз на свој борбен авион.
Инаку воздушните напади на Египет врз позициите на ИСИС во Либија се одговор на обелоденување на видео записот од убиството на египетските Копти.
Е. Г.