Во 47 држави конфискувани 25.000 тони фалсификувана храна и пијалаци

Од:

Во голема операција на Интерпол, спроведена заедно со Европол, во 47 земји во светот се конфискувани 2.500 тони расипана храна и пијалаци или фалсификати, се наведува во соопштението на меѓународната полициска организација.

Меѓу конфискуваната храна ила сушено овошје, масло за пржење, моцарела, јагоди, јајца и многу други прехранбени производи.

Во операцијата поголем број луѓе се уапсени, но нивната бројка се уште не се соопштува.

Во операцијата учествувале полицајци, цариници, вработени во агенциите за безбедност на храната и претставници на приватни фирми. Тие извршиле контроли во продавниците, пазарите, пристаништата и индустриските зони. Операцијата била спроведена во периодот од декември до јануари.

Само во Италија конфискувани се 31 тони морски плодови, кои биле замрзнати, а потоа потопени во хемиска супстанца, која содржела лимонска киселина, фосфат и водород пероксид, за да морските плодови изгледаат свежи.

На Тајланд биле конфискувани и уништени 85 тони месо, кое нелегално било увезено. Конфискувани се и 20.000 литри фалсификувано виски.

Во Велика Британија е затворена фабрика за незаконско производство на вотка.

Вкупно 275.000 алкохолни пијалаци се конфискувани во текот на операцијата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата