Хајдер ал Абади: Се подготвува офанзива за повторно преземање на Мосул од ИД

Од:

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади изјави дека армијата на Ирак се подготвува за опсежна офанзива за повторно преземање на Мосул, од џихадистите на Исламска држава (ИД).

Во интервју за Би-би-си, премиерот Абади рече дека Мосул ќе биде ослободен во следните неколку месеци и пред крајот на оваа година.Тој изрази надеж дека целата операција ќе се изведе за да има минимални последици по армиските и безбедносните сили и локалното население.

Абади не дава повеќе детали околу подготовките да се врати; Мосул во ирачки раце, но вели дека успехот на операцијата ќе зависи од ситуацијата на теренот,подготвеноста на ирачките сили и нивната потесна кооперативност со американските вооружени сили и курдските борци Пешмерга.

Мосул во кој живеат повеќе од еден милион жители се наоѓа под контрола на ИД, уште од јуни минатата година.

Освојувањето ан овој град се случи во време на силната офанзива на џихадистите во северните делови на Ирак,кои лесно и брзо успеја да ги потиснат и да ги натераат на бегство ирачките војници,без разлика што тие беа многу подобро вооружени.

Премиерот Ал Абади на оваа функција се наоѓа од септември минатата година,заменувајќи го дотогашниот премиер Нури ал Малики чија политика се смета како една од причините за брзиот напредок на ИД,од маргинална исламистичка група која војуваше во Сирија со тамошната опозиција за да се тргне од власт Башар ал Асад во регионална закана за мирот и безбедноста.

Ал Малики кој и припаѓа на шиитската заедница беше обвинуван за партизација на државата и за потиснување на ирачките сунити,што помогна милитантната исламистича сунитска група ИД лесно да се смести во Ирак.

Премиерот Ал Абади е исто така шиит,но тој сега настојува да ги подобри односите со ирачките сунити.Безбедносните сили досега успеаја да повратат делови од територијата што ја имаше освоено ИД,со силно учество на Пешмерга и на бомбардирањата и помошта на терен што ја даваат земјите од меѓународната анти ИД коалиција и пред се од САД.

Засега не се знае кој ќе учествува во операцијата за повторно преземање на Мосул,но освен Курдите, клучна улога досега има главната шиитска сила во регионот, Иран.

Официјален Техеран испрати како советници припадници на иранската Револуционерна гарда,ирански пилоти бомбардираат позиции на ИД на ирачка територија,а шитските милиции помогнати од Иран,се мобилизираат и се вооружуваат.

Ирчкиот премиер во интервјуто за Би-би-си, открива дека во првите месеци од неговиот мандат бил „малку фрустриран“ поради слабата помош на меѓународната заедница во борбата со ИД.

„Последниве недели, сепак, ситуацијата се менува на подобро, изјави премиерот Хајдер ал Абади.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак