И родителите се „само луѓе“, па секој од нив многу пати ќе згреши во текот на воспитување на своите деца.
Скратување на љубов
Ако тој метод свесно го користите за да го натерате детето да ве послуша, тоа ќе биде лошо искуство за него. Родителот никогаш не треба да ја каже заканата – „ако веднаш не ја средиш собата, повеќе нема да те сакам“.
Недоследност
Правилата на однесување на детето не се менуваат во зависност од расположението или местото каде се наоѓате. До правилата треба да се придржувате секогаш и секаде.
Навреди и тепање
Со вербалното и физичкото насилство ќе наштетите на развојот на детете.
Преоптоварување
Премногу правила и упатства оддеднаш можат да ги збунат и преоптоварат децата. Малите деца не можат да извршуваат повеќе од една задача во исто време.
Лоши примери
Децата најчесто лесно ги усвојуваат лошите навики од родителите. И затао правилата кои важат за вашето дете треба да важат и за вас.
Недоволно пофалби
Детето треба да се пофали кога ќе направи нешто позитивно, а тоа да не сте го побарале од него.
Недостиг од доверба
Родителот треба да има доверба и во најмладите членови на семејството. Дозволете им да се обидат дури и ако знаете дека резултатот ќе биде лош.
Без споредби
Секое дете е посебно и поинаку се однесува. Зајакнете го неговиот идентитет и научете го да ги цени своите способности и таленти.
Погрешна комуникација
Ако постојано сте во судир со детето, можеби тоа е причината што не сте јасни во барањата. Децата најлесно ги разбираат кратките и јасни реченици.
Преголема строгост
Од време на време дозволете им на децата сами да изберат. Ако сакаат да облечат патики наместо чизми, нема да се случи ништо страшно.