Канадската компанија „Колт“ претстави рачно оружје на иднината, односно автоматска пушка која има моќ сама да ја пронајде метата.
На оружјето кое личи на она од видео игрите, се работи веќе шест години, а е планирано некое време по лансирањето да го користат само воените сили во Канада.
Полуавтоматската пушка користи стандарден НАТО калибар 5,56 мм, а има место и за секундарна муниција на која се закачуваат модули со лансер за гранати (40 мм, капацитет три гранати) или со воена сачмарка. Овој модел може да користи и телескопска муниција без чаури.
Посебен акцент е ставен на ергономија, користење на лесни материјали и интеграција на електронски уреди, кои на војниците им овозможуваат да испраќаат и примаат податоци.
Како што е најавено, понатамошниот развој ќе биде насочен кон развој на нови „паметни системи“ меѓу кои и оној за автоматско нишанење. Инаку датумот за сериско производство се уште не е познат.
Е. Г.