Британската кралска фамилија се уште се нема опоравено од фотографиите на кои принцезата Кејт Мидлтон е во топлес, а медиумите најавуваат нови фотографии кои би можеле да предизвикаат поголем скандал.
Според пишувањата на лондонски Телеграф, по голите фотографии на принцот Хари и принцезата Кејт, би можеле да следуваат и слики од голиот Вилијам.
„Кралското семејство стравува од објавување на тие фотографии, тоа за нив би бил вистински кошмар“, вели Вилард Фокстон, новинар во Телеграф.