Египет изврши воздушни напади на исламисти во Либија

Од:

Египет рано изутринава изврши воздушни напади на позиции на групата Исламска држава во Либија, откако екстремистичката група објави снимка со убиство на египетски христијански Копти, киднапирани во Либија.

Поради убиството на 21 египетски христијани Копти во Египет е прогласена седумдневна жалост.

Портпаролот на Генералштабот на египетската армија објави на државно радио дека се бомбардирани позиции на ИД во Либија, со што првпат Каиро јавно соопшти дека презема воена акција во соседна Либија.

Авиони на египетската армија извршиле напади врз магацини со оружје и кампови за обука долж границата со Либија, по што сите авиони што учествувале во операцијата безбедно се вратиле во своите бази.

Портпаролот на египетската армија нагласи дека со тие напади е извршена одмазда за крвопролевањето. Претходно претседателот на Египет Абдел Фатах ал Сиси изјави дека неговата држава го задржува правото на соодветен начин да одговори на ИД за убиството на египетски работници во соседна Либија.

Сиси предупреди дека Каиро ќе избере неопходен начин и време да се освети за криминалните убиства.

Убиените Копти се киднапирани во декември и јануари во градот Сирт во источна Либија, кој е под контрола на исламски групи. Советот за безбедност на ОН остро го осуди кукавичкиот чин на убиство на 21 египетски Копт од страна на џихадисти од ИД во Либија.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина