Општина Центар: Пријавете корупција на 02/3203-602

Од:

Од утре, понеделник, (16-ти февруари), почнува со работа отворениот телефон 02/3203-602 на општина Центар за пријавување на корупција.

Се повикуваат граѓаните да го пријават секое дело, сознание или информација кои се однесуваат на одредени злоупотреби на општинската администрација, службениците и инспекторите во општина Центар при извршувањето на нивните работни обврски.

Отворениот телефон е сместен и сервисиран директно од кабинетот на градоначалникот на општината. За сите добиени пријави ќе биде лично информиран градоначалникот и наводите од тие пријави ќе бидат проверени во соодветна постапка.

Отворениот телефон е дел од спроведувањето на политиките на подигање на транспарентноста и професионалноста на општинската администрација и учество на граѓаните и граѓанска контрола во управувањето со општината.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории