Американката Микаела Шифрин го освои златниот медал во дисциплината слалом на Светското првенство што се одржува во Вејл и Бивер Крик во САД.
Шифрин предноста од првата трка ја загуби на половина од втората, но извози фуриозно во финишот за голема радост на домашните навивачи.
Американската скијачка, која е и актуелна олимписка шампионка, ја одбрани титулата освоена пред две години во Шладминг.
Таа победи со вкупно време 1:38.48 минути.
Второто место и сребрениот медал и припадна на Швеѓанката Фрида Хансдотер со време 1:38.82.
На третата позиција се пласира чешката скијачка Шарка Страхова со вкупно време 1:39.25 минути.
Денеска на СП се вози последната дисциплина – машкиот слалом.