Премрзнати и гладни, браќата Николовски, бараат помош од добронамерни луѓе

Од:

Без храна, струја, огрев и оваа зима живеат двајцата браќа Николовски во трошната куќарка на улицата „Орце Шутев“ бр. 10 во Велес.

Четириесет и едно годишниот Младен и неговиот девет години постар брат Слободан се лица со посебни потреби.

Тие по смртта на татко им, пред десеттина години, останале без старател. Мајка им починала уште кога двајцата браќа биле деца.

Живеат во нехумани услови велат нивните соседи кои се организирале и им даваат храна а преку доброволни прилози собрале пари да им ги платат заостанатите сметки за струја, за Младен и Слободан да не се плашат од темнината во домот.

Младен ги слушаше соседите кои велеа дека тој и брат му не поднеле документи за отпис на долгови. Не ни знаеше дека имаат право да аплицираат во Центарот за социјална помош. Кога на заминување го прашавме што најмногу им треба, Младен рече:

„Храна и дрвца ни требаат оти не ни гори ќумбето а ни студи. И навечер немаме струја, се е темно.“

Останатите соседи на Николовски побараа помош од добронамерни луѓе. Целта им е да соберат пари и да им купат огрев но и да остане за лекарски прегледи на кои треба да отидат и Младен и Слободан. Тие немаат ни облека, ниту постелнина па ниту со што да се покријат во ладните зимски ноќи.

Сите што сакаат да им помогнат на Николовски можат да се јават на телефонскиот број на соседите 070/ 375 050.

Извор: Дума

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска