Светски рекорд на Петер Превц

Од:

Словенецот Петер Превц постави нов светски рекорд во скијачки скокови денеска на скокалницата во Викерсунд.

Тој прелета 250 метри и го урна досегашниот рекорд на Норвежанецот Јохан Ремен Евенсен, кој пред четири години стигна до 246,5 метри.

Превц беше победник на денешниот натпревар од Светскиот куп. Првиот скок му беше со должина 237,5 метри, за вкупни 438,8 бодови.

Второто место го освои домашниот натпреварувач Андрес Фанемел со скокови од 236 и 238,5 метри и вкупно 424,3 бодови.

На победничкиот подиум место имаше и за Јапонецот Нориаки Касаи кој собра 395,5 бодови со скокови од 218,5 и 225 метри.

Во Светскиот куп лидер е Превц со 1250 бодови, пред Штефан Крафт (Австрија) со 1208, а трет е Северин Фројд, кој има 1603 бода.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ