Судот подигна обвинение против браќата Карабатиќ

Од:

Францускиот суд во Монпеље подигна обвинение против неколку играчи на ракометниот клуб Монпеље, а далеку најзвучни се оние на браќата Карабатиќ, Никола и Лука.

Околу 21,30 часот вечерва, пред судијата излезе Никола Карабатиќ против кого е подигнато обвинение за нелегално обложување и местење на натпревар. Сеуште не е познато дали ќе биде пуштен да се брани од слобода.

Претходно неговиот брат беше обвинет за местење на натпревар.

Подигнато е обвинение и против девојката на Никола Карабатиќ, Жералдин Пије која ќе се брани од слобода бидејќи плати гаранција од 4.400 евра. Обвинета е и девојката на Лука, Џени Прие, за измама тешка 13.000 евра.

„Ова е тежок удар за ракометот“ – рече француската министерка за спорт Валери Фурнеарон – „не смееме да дозволиме оваа дамка да го покрие целиот француски ракомет. Приведувањата пред камери се резултат на правдата и надлежните органи кои ја работеа својата работа. Законот мора да се почитува“.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП