Канада спречи план за масовно убиство на денот на Свети Валентин

Од:

Канадската полиција спречи план за масовно убиство во голем трговски центар во Халифакс денеска, на денот на Свети Валентин.

Дваесет и тригодишна Американка од северната држава Илиноис и 20-годишен Канаѓанец од Нова Шкотска биле уапсен изминатата ноќ на аеродромот во Халифакс.

Уапсената Американка признала за заговорот. Таа претходно напишала пораки кои требале да бидат објавени на Твитер по нејзината смрт.

Подоцна во врска со случајот е уапсено и 17-годишно момче, исто така од Нова Шкотска. Освен нив тројца, друго 19-годишно момче се застрелало во домот на родителите во Тимберли, откако полицијата ја опколила куќата.

Полицијата наведе дека кај осомничените е откриено оружје и пари, но не даде повеќе детали.

Американката и 20-годишниот Канаѓанец планирале да извршат масовно убиство и да се самоубијат. Според полицијата, нивните намери не биле поврзани со исламски тероризам.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто