Американецот Тед Лигети го освои првото место и златниот медал на трката во велеслалом на Светското првенство во алпско скијање што се одржува во неговата земја во Бивер Крик. Ова за него беше трето злато по ред на Светските првенства во оваа дисциплина.
Воедно, победникот со седум медали на Светските првенства е најуспешниот скијач од САД на сите времиња.
По првата трката Лигети беше петтопласиран, но во второто возење успеа да ја анулира негативата од 24 стотинки во однос на Австриецот Марсел Хиршер и да се искачи на највисокото место на пиедесталот, со вкупно време од 2:34.16 минути.
Хиршер со време 2:34.61 заврши на второто место, а на третата позиција се најде Французинот Алексис Пинтуро со 88 стотинки послабо време.