Тадиќ: кражбата е измислена намерно, Николиќ: Казнете го Тадиќ

Од:

Томислав Николиќ и Борис Тадиќ во дуелот на РТС разговараа за визијата за Србија, надворешната политика, Косово економијата, борбата против порганизираниот криминал, одбраната и европските интеграции.

Николиќ го обвини Тадиќ дека ветувал работни места, најголеми плати во регионот пензии и дека државата не смее да остане во неговите раце.

„И затоа велам излезете, казнете го Тадиќ, победете, бидејќи ова е единстевена прилика“, порача Николиќ.

Тој се осврна и на тоа дека многу луѓе биле ангажирани од власта да се запре неговата партија, и затоа нагласи дека оди и во вториот круд да ја спаси Србија од Тадиќ.

„Секогаш бев за борба на идеи а не на луѓе бидејќи тоа е за гладијаторските арени. Вие господине Николиќ, добро знаете дека се што зборувате не е вистина“, му возврати Тадиќ.

Тој рече дека кражбата е измислена намерно во штабот на Николиќ, а за својата политика досега ги добил сите меѓународни награди и дека Србија ја направил земја на соработката и мировната политика.

Вториот круг од претседатеските избори е на 20 мај.

 

 

Би можело да ве интересира

Александар Шапиќ повторно избран за градоначалник на Белград

ВИДЕО: Вучиќ објави снимка од победничката прослава

Катерина Ѓуровски

СНС прогласи победа на локалните избори во Србија, опозицијата тврди дека Ниш и Чачак се „слободни градови“

Катерина Ѓуровски

Белградските и локалните избори во Србија ќе се одржат на 2 јуни

ВИДЕО: Во Белград ќе има нови избори

Катерина Ѓуровски

Со свирежи и транспаренти конституирано српското Собрание, опозиционерите дадоа заклетва во холот