Уште една видео снимка на полициска бруталност стигна до медиумите, овојпат од американскиот град Филаделфија.
Во текот на уличната парада и прославата на денот на Пуерто Рико притистигна и полицијата која некој ја испрска со вода. Полицајците веднаш се свртеа и прво ја забележаа 39 годишната Аида Гузман која беше најблиску до нив.Еден од полицијаците се нафрли на неа и ја удри по главата по што падна на улицата.
За биде целата ситуација уште побизарна, сосема невината Аида Гузман со крваво лице и со лисици на рацете беше однесена во станица поради „непрописно однесување“.