Франција ќе му продаде 24 авиони „Рафал“ на Египет

Од:

Франција и Египет постигнаа договор за продажба на 24 авиони-ловци од типот „Рафал“ произведувани од „Дасо Авиасион“. Потпишувањето на договорот е предвидено за во понеделник, јави дописникот на МИА од Париз.

Зделката, чија вредноста изнесува околу пет милијарди евра, преку сооопштение ја потрвди лично францускиот претседателот Франсоа Оланд.

– Египетските власти ме известија дека имаат намера да купат 24 борбени авиони „Рафал“ и една повеќенаменска фрегата со соодветната опрема, стои во соопштението на Франсоа Оланд.

Според францускиот претседател, оваа нова опрема на Египет ќе му дозволи да ја игра целосно својата улога за регионалната стабилост.

Ова е прв договор за извоз на авиони „Рафал“ во странство, по триесет години откако започна неговата програма. Според многумина експерти, тој важи за еден од најдобрите борбени авиони во светот, но високата цена е една од причините за неговиот досегашен комерцијален неуспех.

Со авионот „Рафал“ се досега беше опремена само француската армија, која целосно го купуваше производството на „Дасо авиасион“, односно 11 авиони годишно. Но, поради буџетското штедење, таа не ќе може да ги купува сите произведен авиони за да се задржи бројот на вработените.

Катар се споменува како можен иден купувач на 24 „Рафали“, со можност да докупи плус 12 други. Франција, исто така, преговара со Индија од 2012 година за продажба на 126 „Рафали“, но чие производство ќе биде довршено во оваа земја.

Авионот „Рафал“ веќе се докажа на повеќе операции на теренот, како во Авганистан, Либија, Мали и Ирак. Програмата беше лансирана во 1988 година, првиот прототип полета во 1991 година, а влезе во употреба во 1998 година.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени