Македонскиот скијач Дардан Дехари ќе биде единствениот наш претставник на денешната велеслаломска трка што ќе вози во Бивер Крик во рамките на Светското првенство во алпско скијање.
Дехари ќе има стартен број 80, а во конкуренција ќе бидат вкупно 100 скијачи. Листата ја предводи Австриецот Бенџамин Рајх, кој ќе стартува прв.
Синоќа четири македонски скијачи учествуваа во квалификациите во велеслалом. Најдобар пласман на ФИС трката имаше Антонио Ристевски (36.место), Дардан Дехари беше пласиран на 45.место, Лука Божиновски заврши на 52.место, а Марјан Нашоку го освои 59.место.
За македонските скијачи останува шанса за учество и во слаломските трки.