Ана Фенингер од Австрија го освои второто злато на Светското првенство во алпско скијање што се одржува во Бивер Крик, откако синоќа победи во велеслоломот.
Ова за неа е вкупно трето злато на светските првенства.
Таа во двете трки постигна време од 2:19.16 минути и на убедлив начин триумфираше, иако во втората трка по една грешка малку недостасуваше да излета од патеката.
Второпласираната Викторија Ребенсбург од Германија имаше заостанување од 1.40 секунда, но беше доволно за сребрен медал. Бронзата и припадна на Џесика Линдел-Викарби од Шведска, која има 1.49 секунда заостанување зад победничката.
Една од фаворитките Тина Мазе од Словенија остана без медал во оваа трка.
Денеска се вози машкиот велеслалом.