Нигер: Војската уби 260 припадници на Боко Харам

Од:

Војската на Нигер уби 260 припадници на исламистичката група Боко Харам и зароби поголем дел од нив во изминатите неколку дена околу градот Дифа на југоистокот, соопштија претставници на земјата.

Илјадници цивили побегнаа од тие области на Нигер по серија напади на нигериски исламисти од Боко Харам.

Нападите на Боко Харам врз Нигер ја продлабочуваат хуманитарната криза во таа погранична зона од која побегнаа 150.000 луѓе поради насилствата на исламистите.

Во бунтот на Боко Харам убиени се илјадници луѓе на североистокот на Нигерија, а земјите соседи ангажираа 8.700 припадници на заедничките сили за да ги сузбијат исламистите кои се закануваат на се поголем регион.

Би можело да ве интересира

Воената хунта се закани: Ќе го убиеме соборениот претседател

Бунтовниците во Нигер тврдат: Француската војска ги нападнала припадници на националната гарда

Се собира војска, ќе има војна: 25.000 војници се подготвени

Предраг Петровиќ

Хунтата во Нигер го затвори воздушниот простор поради заканите за воена интервенција

Нигер: Воената хунта побара помош од Вагнер

Сменетиот претседател на Нигер бара помош од Американците: „Ви пишувам како заложник“