Санкциите на ЕУ против Русија поради украинскиот конфликт не треба да се укинат, додека претседателот Владимир Путин не го промени своето однесување, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон при пристигнувањето во Бриселна средбата на врвот на ЕУ.
За договорот за прекин на огнот во Источна Украина, договорен синоќа во Минск, Камерон рече: „Ако тоа е вистински прекин на огнот, тогаш треба да биде поздравено. Но важни се дејствијата на терен, а не зборови на лист хартија“.
– Путин треба да знае дека додека не го промени своето однесување, и санкциите нема да бидат променети, истакна британскиот премиер.