ВИДЕО: Отворена дупка на Сквер Буњаковец

Од:

„Веќе четири недели на Сквер Буњаковец стои отворена дупка, која е сериозна опасност за  граѓаните. Град Скопје, кој издал одобрение за поставување билборд, за ова ја нема известено Општина Центар, на чија територија е локацијата.

Ова е обврска согласно Правилникот за ископи, донесен од општината, во кое стои дека пред почетокот на постапката за прекопувањето на улици и тротоари, инвеститорот е должен да добие согласност од општина Центар.

Ваква согласност ниту некој побарал, ниту некој добил од општината, соопшуваат од Центар.

„Испратени се две барања до градот во најкус можен рок да се санира дупката , но не е превземено ништо од страна на Град Скопје. Граѓаните се револтирани од непостапувањето на надлежните градски служби. Прашуваат дали треба да се случи некоја несреќа за конечно да се санира дупката.

Овластен градежен инспектор од Центар излезе на терен и констатираше дека ископот е незаштитен, а плочките се искршени. За оваа ситуација алармирани се надлежните во Град Скопје.

Скверот Буњаковец комплетно е изграден пред една година“, велат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар