Претседателот на Сојузот на самостојни синдикати на Србија Љубисав Орбовиќ и даде рок на владата од 15 дена да ги вратат цените на основните животни намирници.
Доколку владата не го направи тоа, се закани дека ќе ги повика граѓаните на масовните пропусти.
„Зголемувањето на цените овие денови е неоправдано. Ќе и дадеме на владата 15 до 20 дена да ги вратат старите цени на нивото од пред 1. септември, а доколку тоа не го направат ќе ги повикаме луѓето на масовни протести во сите градови на Србија“, рече Орбовиќ.
Тој потсети дека во текот на септември поскапеле основните животни намирници и услуги, пред се, млекото и млечните производи, маслото, брашното, пецивата, тестенините, јајцата, овошјето, соковите, хемиските производи, енергенсите и превозот.