Каменувано такси возило во скопски Аеродром

Од:

Група непознати лица синоќа околу 21:30 часот каменувале такси возило на бул. „Јане Сандански“ во Скопје.

Како што информираат од полицијата, во такси возилото се возеле В.Н.(18) од Скопје заедно со уште две лица. При каменувањето било скршено ветробранското стакло на автомобилот.

По ова, непознатите лица со уличен контејнер му го попречиле патот на возилото и откако било сопрено, напаѓачите со употреба на физичка сила ги нападнале патниците, нанесувајќи му телесна повреда на В.Н.

По преземени мерки од СВР Скопје приведени се три лица Н.Т.(16), С.Ц.(16) и С.Н,(17) сите од Скопје, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полицијата презема мерки за утврдување на идентитетот и на други лица учесници во насилството.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски