Студентите ја поминаа првата ноќ на факулетот во прогласената автономна зона и нема да ја напуштаат се додека власта не го поништи сегашниот закон за високо образование.
Во текот на ноќта пристигнаа многу граѓани кои донесоа храна и пијалоци за студентите како знак на поддршка на нивните барања и отпорот кон мешањето на власта во автономијата на Универзитетот.
Студентскиот пленум соопшти дека нема да го користат терминот окупација на Универзитетот со оглед тоа има значење на освојување туѓа територија. Затоа прогласија автономна зона, односно бранење на сопствената територија.
Тие ќе држат стража се додека не се потпише спогодба помеѓу Интеруниверзитетската конференција и Министерството за образование и наука која ќе опфаќа: загарантирано учество на Студентскиот пленум во изработката на целиот закон со цел тој да ги рефлектира студентските ставови и перспективи.
Формирање на работни групи во кои членовите од Студентскиот и Професорскиот пленум ќе бидат рамномерно застапени, рокови за изработка на прв и втор Нацрт на законот.