Синдикатите и раководството на МЖ на преговори за барањата на машиновозачите

Од:

Tоварниот железнички превоз е со намален обем поради бојкот на машинскиот персонал  во МЖ Транспорт ад Скопје. Патничките возови сообраќаат непречено, но синдикатите што го организираат бојкотот најавуваат негов целосен прекин за денеска напладне доколку не им бидат исполнети барањата.

Бојкотот го организираат Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија (НСПМ), Независен синдикат на машиновозачите на Македонија (НСММ) и Синдикат на машиновозачите на Македонија (СММ).

– Бараме да се потпише Колективен договор, да се реши едно од најболните прашања на машинскиот персонал-бенефицираниот стаж, да се почитува Законот за работни односи во делот на исплата на плата, која ја добиваме на двапати, како и исплаќање на прекувремената работа.  Наше барање е и техничка исправност на железничките возила и безбедност во железничкиот сообракај, вели Латко Јовановски, претседател на НСММ.

Според Јовановски, во бојкотот се вклучени 95 проценти од машиновозачите. За 11 часот денеска е навена средба со раководството на МЖ Транспорт по која ќе се знае дали ќе биде прекинат патничкиот сообраќај.

Директорот на МЖ Транспорт Оливер Деркоски за МИА вели дека машиновозачите незаконски се обидуваат да го попречат работењето и оти ја злоупотребуваат позицијата.

– Бојкотот како форма за прекин не е познат и ова е нелегално. Бараат зголемување на платите, а нивните месечни приходи се од 38.000 до 40.000 денари, изјави Деркоски.

Според него, во трите синдикати членуваат 150  од вкупно вработените 1.200 во МЖ Транспорт.

– Се сметаат за незаменливи и се обидуваат  да ја злоупотребат положбата. Ги имаат  сите бенефици и надомести за празници, ноќна работа, работа во недела…, Се надеваме дека ќе наидеме на разум, рече Деркоски.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска