Силите на меѓународната коалиција извршија значителни напади врз позициите на екстремистичката група Исламска држава и го запреа нејзиното напредување, изјави командантот на австралиските задгранични вооружени сили адмирал Дејвид Џонстон.
Напредувањето на ИД во Ирак е запрено, а силите на меѓународната коалиција елиминирале околу 8.000 борци на ИД. Во редовите на екстремистите остануваат од 20.000 до 31.500 луѓе, меѓу кои 3.400 странски борци.
– Во последно време положбата на ИД е тешка, така што екстремистите се принудени да ги испраќаат новите членови во воени акции, посочи Џонстон.
Од почетокот на воената операција коалициските сили извршиле вкупно околу 2.000 воздушни напади и ослободени се 700 километри квадратни од ирачката територија.