Според пишувањата на италијанските медиуми суспендираниот тренер на Јувентус, Антонио Конте, судот ќе му ја намали казната, па дури и за четири месеци.
Конте е суспендиран на десет месеци бидејќи не пријави можен обид за местење натпревари кога беше тренер на второлигашот Сиена, иако за тоа бил свесен. Станува збор за два натпревари, но Конте не беше директно вмешан во ниту еден како учесник во измамата.
Римскиот суд ќе ги прегледа новите доказни материјали што ги приложи адвокатот на Конте и наводно речиси е сигурно дека на поранешниот играч на Јувентус суспензијата ќе му биде намалена.