Штрајк на машиновозачите, сообраќајот во прекин

Од:

Машиновозачите и вработените во „МЖ Транспорт“ АД Скопје, од вечерва се во штрајк, а железничкиот внатрешен сообраќај е веќе во прекин.

Синдикатот, објави Актуелно.мк бара редовна исплата на платата, навремено добивање сини картони и повлекување на тужбите против машиновозачите.

„Наместо една година бенифициран стаж на секои три години, сега добиваме една година на секои четири години. Машиновозачите кои секојдневно се изложени на стрес многу тешко можат да задржат прва здравствена група“, велат револтираните машиновозачи.

Најавуваат дека не сакаат да направат штета на МЖ Транспорт АД Скопје. Сите товарни и меѓународни возови ќе ја однесат стоката до крајната дестинација.

Штрајкот ќе трае додека не се исполнат нивните барања.

11

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска