Најмалку 15.000 луѓе вечерва се собраа на плоштадот Синтагма пред Парламентот во Атина со барање на Грција да и биде дадено „малку достоинство“ пред почетокот на тешките преговори во Брисел со Еврогрупата.
За поддршка на Владата на СИРИЗА во Солун демонстрираат над 5.000 луѓе.
Митинзи, организирана на социјалните мрежи има и во други грчки градови.
Учесниците на провладините митинзи носат грчки знамиња и пароли „Европа – одговорот е демократијата“, „Крај на економските ограничувања“ и „Ниту чекор назад“.
За разлика од претходните митинзи вечерва не се гледаат припадниците на силите против нереди.