Варуфакис не го шармираше Шојбле, но ги освои германските медиуми

Од:

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, не успеа го увери германскиот колега Волфганг Шојбле во нужноста за преструктуирање на грчкиот долг, но затоа успеа да ги шармира германските медиуми.

Водителката на германската државна телевизија, Мариета Сломка, оцени дека Варуфакис „несомнено е маж со харизма“ и лице кое лесно може да се замисли како глумец во филмот „Умри машки 6“. Нејзиниот колега Оливер Велкен дебатираше со Сломка затоа што „паднала“ на Варуфакис, но и тој самиот морал да признае дека министерот е „неверојатно привлечен маж“.

Магазинот „Штерн“ објави напис за „класичната мажественост“ на Варуфакис.

„Што го прави Јанис Варуфакис сексуална икона“, е насловот под кој конзервативниот весник „Ди Велт“ ја објави приказната за овој ќелав маж со „кул“ однесување, кој вози мотоцикл „јамаха“. „Иако грчкиот долг предизвикува многу стрес, новиот министер за финансии е сè само не здодевен“, пишува „Ди Велт“.

Такво мислење немаат другите медиуми во Европа, кои оценија дека Веруфакис, сепак, повеќе изгледа како обезбедување од ноќен клуб. „Тој е еден од најугледните економисти во светот, но е маж кој со изгледот се одвојува од групата сиви костуми“, пишува „Штерн“.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит