ЕК не ја коментира намерата на Грција да побара финансиска помош од Русија

Од:

Европската комисија не ја коментира намерата на Грција да се обрати со барање кон Русија за финансиска помош во случај на недостиг на договор со Еврогрупата, изјави денеска портпаролката на ЕК Мина Андреева.

– Тоа е хипотетичко прашање. Видовме дека Русија најави дека може да разгледа такво барање, ако тоа биде упатено. Сите проблеми, поврзани со финансиската помош за Грција, се разгледуваат на ниво на Еврогрупа, рече Андреева.

Еврогрупата денеска има состанок, поветен на финансиско-економската ситуација во Грција.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави денеска по средбата во Москва со грчкиот колега Никос Коѕиас, дека Русија ќе го разгледа барањето на Грција за финансиска помош, ако ваква молба биде упатена.

Лавров додаде дека со Коѕиас ја разгледале финансиската состојба на Грција.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска