(ВИДЕО) Шилегов: Се распаѓа системот на Никола Груевски

Од:

Државниот систем на Никола Груевски се распаѓа по сите шавови. Последниот шокантен случај со смртта на малата Тамара е класичен доказ за целосен распад на здравството. Повеќе од јасно е дека се направени огромни институционални пропусти, трагични за малата Тамара, вели Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Според сознанијата на СДСМ уште во првото конзилијарно мислење наведено е дека случајот на Тамара е итен.

Две Комисии, од Одделот за ортопедија и Одделот за трауматологија, уште во април, а потоа и во ноември минатата година, испратиле официјални извештаи до Фондот во коишто е наведено дека лекувањето на малата Тамара е невозможно во Македонија и дека случајот е итен.

Второстепената комисија во Фондот за здравство го имала последниот збор!

Но, изјавите целосно го разобличуваат хаосот во којшто функционира здравството.

Директорката на Фондот за здравство, Маја Парнарџиева, тврди немало конзилијарна препорака дека случајот е итен.

Потписничката на одлуката на Второстепената комисија, Аспазија Софијанова, вели дека потписот е нејзин но не се согласува со одлуката, со којашто се одбива жалбата за лекување во странство на малата Тамара како неоснована.

Скандалозно, Софијанова тврди и дека добила јавувања „одозгора“ правдајќи се дека ја менувала претседателката на Второстепената комисија, мајката на министерот Никола Поповски.

Мајката на Поповски била болна.

По ваквото правдање Тодоров молчи. Молчи и мајката на Поповски.

После загубен детски живот, што и да се каже е премалку. Оставката на Никола Тодоров е далеку од доволна.

Бидејќи има и други вакви случаи во Македонија, повикуваме да не се чека. Бараме веднаш да се реагира, да се превземат сите мерки, итно да се испратат овие лица на лекување во странство.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време