Кабинетот на Ципрас можеби ќе успее да постигне горд успех

Од:

Етнос – Атина

Со победата на Сириза на парламентарните избори во Грција на 25 јануари и со составувањето на Владата со учество на малата десна партија Независни Грци (АНЕЛ), повеќемина Грци почнаа да се надеваат дека нештата можат да тргнат кон подобро.

Агресивноста во однесувањето на Германците, до крајна мерка ги заостри антигерманските чувства меѓу Грците, кои се сеќаваат на случувањата од 50-те години од минатиот век, непосредно по Втората светска војна.

Антигрчката ориентација на германската Влада на дневен ред стави фундаментално прашање: дали кабинетот на Ципрас ќе успее да постигне некаков горд комрпомис со Германците. Се разбира, тоа е тешко, но не и невозможно.

Теоретски, Берлин е непоколеблив пред се во врска со грчкиот долг. Но, овој пат е исклучено Берлин да направи „пострижување“ на грчкиот долг под формата на отпишување на дел од него.

Иако околу 80 проценти од грчкиот долг се наоѓа во рацете или на држави од еврозоната или кај финансиските институции (ЕЦБ, ЕФСБ и ММФ), тоа бара едно просто политичко решение и ништо повеќе, па сега отпишувањето на дел од долгот е исклучено да се случи.

Го потенцирам зборот сега, затоа што чувствувам дека во следните неколку години Европа и германската хегемонија во ЕУ ќе бидат вовлечени во исклучително тешки вртлози, така што е сосема неизвесно што ќе се случи тогаш.

Денес Берлин не прифаќа на никој начин да биде извршено „потстрижување“ на грчкиот долг. Се разбира, Берлин ќе промовира олеснување за грчките државни обврзници со продолжување на нивниот рок на траење, но во никој случај нема да преземе „потстрижување“.

Претходното „потстрижување“ на грчкиот долг се случи во 2012 година, но тоа буквално ги кутна на колена грчките осигурителни фондови, банкарскиот систем, болниците, универзитетите и малите грчки фирми. Цената за тоа „потстрижување“ ја платија грците и токму затоа германците ја отфрлаат идејата.

Во моментов, Владата на Ципрас може да се надева на олеснување за државните обврзници, но не и на „потстрижување“ на долгот. За да ја спаси земјата, единственото решение за грчката Влада е да се држи кон своите главни ветувања по прашањата кои ќе дадат голтка воздух за луѓето. За почеток, нужно е да се воведе необврзувачки минимум од 12 илјади евра за сите даночни обврзници.

Тоа е едно од многуте најзначајни ветувања, затоа што засега милиони Грци.

Втората по значење мерка е укинувањето на единствениот данок „енфиа“ – данок кој го урна претходниот кабинет на Самарас. Тому тој данок засега милони Грци.

Третата мерка е да се даде 13-та пензија за над еден милион пенизонери кои секој месец добиваат помалку од 700 евра.

Четврто, треба неодложно, а не „етапно“ да биде вратена минималната плата од 751 евро.

Исто така, неодложно треба да бидат вратени работничките права кои беа укинати од претходната влада (колективните договори, арбитражата и други).

Шесто, потребно е да бидат зашитетни и трговците кои зеле хипотекарни кредити, кои припаѓаат само на едно домаќинство, и да му биде забрането на меѓубанкарскиот пазар да тргува со хипотеки од недвижности.

Сето тоа и други слични нешта потоа треба законски да бидат уредени, уште веднаш.

Ако Владата го остави сето тоа за подоцна, веројатно нема воопшто и да го направи. Не затоа што нема намера да го направи, туку затоа што најверојатно Германците нема да ја остават да ги направи, ако мерките не бидат законски уредени уште сега, кога ентузијазмот од изборната победа е се уште голем.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит