Старџен: Политиката на Лондон за кратење на буџетот доживеа неуспех

Од:

Првиот министер на Шкотска и лидер на Шкотската национална партија (СНП), Никола Старџен остро ја критикуваше политиката на британската коалициска влада за остро кратење на буџетските трошоци, прогласувајќи ја за „пропадната и неуспешна работа“.

Старџен објасни дека владата во Единбург ќе поддржи јавна потрошувачка во Шкотска од 180 милијарди до 2020 година, што е повеќе отколку што тоа го има направено коалициската Влада во Лондон, па ги повика британските лабуристи да се откажат од политиката на кратење и штедење на буџетското трошење.

Таа му порача на лидерот на Лабуристичката партија Ед Милибанд, да се определи за поумерена политика, кога станува збор за намалувањето на дефицитот на земјата, ако сака да ја има поддршката на пратениците на СНП во британскиот Парламент.

Старџен вели дека таа не ја намалува важноста од ставење на дефицитот под контрола или од намалувањето на долгот, но инсистира дека изолирањето на дефицитот, од се друго, не води никаде. Таа се заложи за создавање поцврста и постабилна основа за економски раст,за надминување на нееднаквоста и за заштитување на јавниот сектор.

Критиките на владината политика, доаѓаат на помалку од три месеци до мајските парламентарни избори во Велика Британија. Оваа силно национално обоена и сепаратистички определана партија во Шкотска, загуби на референдумот за независност во септември минатата година, но СНП во два мандати едно по друго управува со Шкотска, добивајќи силна подршка од гласачите поради нејзината левичарска политика во економијата и посебно во социјалниот сектор.

Прогнозите пред изборите за нов состав на Парламентот во Лондон, сугерираат дека СНП првпат ќе победи и на гласањето за Вестминстер, одземајќи ги, пред се, гласовите на Лабуристичката партија која досега „владееше“ на северот од Британија.

Се проценува дека СНП и Старџен ќе освојат дваесетина пратенички места, најмногу со својата политика за осуда и несогласување со „суровите“ мерки за скратување на буџетската потрошувачка, што Владата на премиерот Дејвид Камерон ја води од почетокот на нивниот мандат,во мај 2010 година.

Критиките од Старџен во Лондон се означуваат како шкотска реакција на коментарите на Камерон за политиката и однесувањето на ЕУ, а посебно на еврозоната.

Бртанскиот премиер редовно го критикува Брисел што целиот е насочен кон штедењето и тоа им го наметнува на сите во еврозоната, не водејќи сметка за развојот, иако целиот свој мандат Камерон главно го помина во скратувањето на трошењето на буџетските пари, само за да го намали британскиот дефицит.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on