Студентите, собрани пред платото на УКИМ, велат нема да молчат, и нема да наседнат на реториката на ветувања. Не се убедени дека кога се ќе се смири нема повторно да се донесе некој нов Закон за високо образование.
Неопходна е, велат, автономија на Универзитетот, соодветни услови, крај на дискриминацијата и корупцијата, финансиска поддршка за доусовршување.
Бараат во изработката на законот да бидат вклучени рамноправно Студентскиот и професорскиот пленум и претставници од министерствата.
„Нужно е да се прогласи слободна универзитетска зона. Универзитетот мора симболично да се ослободи.Студентскиот фронт не е затворен“, порачаа студентите .