Стејт департментот денеска потврди дека Амбасадата на САД во Јемен привремено е затворена, а персоналот е евакуиран.
Велика Британија исто така соопшти дека ја затвора Амбасадата и оти е повлечен персоналот.
Мерките се преземаат поради влошена безбедносна ситуација предизвикана од политичката криза во државата. Имено, шиитски бунтовници во Јемен презедоа контрола врз голем дел од државата. Пентагон посочи дека политичката нестабилност во Јемен се одразува неповолно на потенцијалот на арапската држава во борбата со тероризмот.