Министрите за финансии на земјите од Еврогрупата денеска ќе одржат вонреден состанок во Брисел на кој ќе разгледаат дали да биде продолжена или прекината програмата за испраќање на меѓународна финансиска помош за Грција.
Оваа средба ќе му претходи на утрешното заседание на Европскиот совет. Доколку денеска не биде постигнат едногласен договор за проблемот, тој ќе биде префрлен на утрешниот форум.
Портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева вчера изјави дека е малку веројатно денес или утре да биде донесено конечно решение во однос на спасувачката програма за Грција.
На денешната средба на еврозоната првпат ќе учествува новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис.