Заев разговараше со специјалниот претставник на Германија за прислушувањето

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска попладнето имаа средба со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Ернст Рејчел и со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Кристине Д. Алтхаузер.

Тема на средбата беше предизвикот пред којшто се исправени граѓаните на Македонија за заштита и остварување на нивните основни човекови права, слободата и правдата, како и актуелните состојби во Република Македонија.

Претседателот Заев посочи дека објавените снимки што потврдуваат дека Груевски и Мијалков ги прислушуваат граѓаните во Македонија се само дел од доказите за незаконското и криминалното функционирање на актуелната власт.

-Затоа СДСМ и коалициските партнери го почнаа проектот Вистината за Македонија чијашто цел е враќање на слободата на граѓаните и нормализирање на Македонија преку обнувување на напуштените демократски вредности, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Заев и заменик претседателката Шекеринска, го поздравија децидниот став на Сојузна Република Германија со којшто Германија побара од властите во Македонија функционирање според меѓународните стандарди.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време