Ракометарката на Вардар и репрезентативка Робертина Мечевска паднала од петти спрат, па во моментов се бори за живот во Ургентниот Центар во Скопје, објави Екипа.
Долгогодишната членка на нашиот национален тим не се појавила на денешниот тренинг на „вардарки“, кој бил прекинат веднаш штом се дознало што всушност се случило со Мечевска.
Шокантниот настан се случил пред нејзиниот стан во скопската населба Острово, од каде Мечевска веднаш била пренесена во Ургентниот Центар во Скопје.
Според првичните информации таа има сериозни повреди на градниот кош. Не се познати околностите под кои се случила оваа несакана случка.