Хамонд: Лондон и Берлин „напорно работат“ за санкции на ЕУ кон Русија

Од:

Велика Британија и Германија „напорно работат“ на прашањето за задржување и проширување на санкциите на Европската унија кон Русија, ако набрзо не биде постигнат напредок во украинскиот мировен процес, изјави денеска шефот на британсклата дипломатија Филип Хамонд.

Тој истакна дека заедно со Германија ги поддржуваат сегашните мерки до крајот на годината.

– Се разбира дека тие (Германците) сакаат да ја проучат можноста, која може да ја даде утрешната средба, ако се одржи, посочи Хамонд, алудирајќи на предвидените мировни преговори за надминување на украинскиот конфликт.

Хамонд посочи дека засега Велика Британија не планира да и достави оружје на Украина за борба против проруските сепатратисти, но оти го задржува правото да го преразгледа таквиот став.

– Национална одлука е на секоја земја-членка на НАТО да реши дали ќе достави смртоносна помош за Украина. Ние јасно укажавме дека и да нема воено решение на тој конфликт, не би можеле да дозволиме да бидат поразении украинските сили, истакна Хамонд.

Тој додаде дека финансиската помош за Украина не може да биде безусловнма, потенцирајќи дека украинската економија е нарушена од корупција.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство