Косовската Влада почна со примена на мерки за запирање на иселувањето

Од:

Официјални претставници на косовската Влада тврдат дека веќе почнале да ги применуваат првите мерки за запирање на масовното иселување на Албанците од Косово преку Унгарија кон земјите на ЕУ, и тоа првично со простување на долговите на граѓаните и помагање на најзагрозените категории.

Министерот за труд и социјални прашања и портпарол на косовската Влада, Арбан Абраши, во ијзва за весникот „Блиц“ на албански јазик рече дека владата подготвува конкретни мерки за запирање и борба против илегалната емиграција.

– Почнавме со простување на долговите, а ќе продолжиме и со останатите мерки онолку колку што буџетот тоа ќе ни го дозволи, рече Абраши.

Договорено е, наведува тој, при ребалансот на буџетот приоритет да бидат мерките повразни со различните материјални трошоци. Додаде дека е договорено формирање посебен фонд за поддршка на најзагрозените групи, подобрување на нивниот социјален статус и создавање нови работни места.

Исто така, тој најави и подобрување на деловниот амбиент, како и утврдување на бариерите кои, како што кажа, ги попречуваат претпријатијата во нивниот раст и развој.

Абраши ја повика опозицијата да се вклучи во оваа акција со конкретни идеи, а не само со „ад хок“ предлози.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска