Голема илегална фабрика во близина на Будимпешта е затворена во акција спроведена од унгарската даночна служба и царина и од Европол.
Во акцијата се уапсени деветмина Бугари, кои биле членови на организирана криминална група и биле сопственици на фабриката.
Унгарските власти ја заплениле комплетната опрема за производство на цигари, 22 тони тутун и 2,3 милиони цигари.
Запленетото количество тутун е доволно за производство на 1,5 милиони кутии цигари.
Кражбата на акцизна стока моментно е приоритет на европските полициски сили, наведува Европол во своето соопштение.