Обама: Сноуден е виновен за лошото мислење на Германците за САД

Од:

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека поради прислушкување на германската канцеларка Ангела Меркел се нарушени впечатоците кои Германците ги имале за владата на САД.

Тој во тек на заедничката прес конференција со Меркел во Белата куќа рекол дека од 2013 година, кога поранешниот службеник на Агенцијата за национална безбедност НСА, Едвард Сноуден ги објави деталите за шпионските активности работи на враќање на довербата на Германија и другите глобални партнери.

-Нема сомнеж дека со обелоденување на податоците се нарушени впечатоците кои Германците ги имаа за американската влада и нашата разузнавачка соработка – нагласи тој и додаде дека работи на ревизија на сличните политики и на создавање поголема тренспарентност.

Инаку германската канцеларка не ги критикуваше САД поради прислушкувањето и ги пофали американските разузнавачки агенции за координација со Германија во борбата против тероризмот.

-Институциите на САД се уште ни даваат многу значајни информации – истакна Меркел.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Кина ја повика Америка на „еднакви консултации“ за царините