Советниците од ВМРО-ДПМНЕ одбиваат со Жерновски да одат кај Груевски

Од:

Мнозинството во Советот на Општина Центар изгласа градоначалникот Андреј Жерновски заедно со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да побараат средба со премиерот Никола Груевски за да добијат одговор зошто една година од поднесеното барање владата молчи за доделување на градежното земјиште на општината.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не гледа потреба од делегација кај премиерот.

„Не гледам причина зошто да одиме кај премиерот, ни помалку ни повеќе туку кај премиерот. Ќе разберев ако беше за кај министерот за транспорт и врски, ама кај премиерот не можам да разберам“, рече советничка од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто се плашите да одиме кај премиерот, мислите дека ќе бидете снимени“, праша советникот Дарко Атансовски од СДСМ.

Жерновски и појасни дека од транспорт и врски биле упатени дека за ова одлучува владата а не министерството.

„Јасно е зошто немаме никаков одговор од владата и зошто не ни дадено земјиштето во владение. Премиерот ќе го прашаме зошто владата упорно ја игнорира општина Центар и дали воопшто има намера да го врати земјиштето. Од утре ќе побарам прием кај премиерот“, рече градоначалникот Жерновски.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ прашаа зошто не добиваат одговор на советничките прашања и дали Жерновски знае да располага со земјиштето.

„На половина од вашиот мандат моравме да носиме одлука за да го спасиме кредитот за катната гаража кај Нова Македонија“, рече советникот Сашо Трпевски.

Жерновски посочи дека заложба на општината е не да гради катни гаражи, туку училишта и градинки. Во Општината 13 години нема направено нова градинка, а таа беше ветувана од неговите претходници. Посочи дека владата не го враќа земјиштето на Општина Центар за да може да се раскрчмува и продава за багателна цена градежното земјиште.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар