А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Евростат: Македонија со 47,9 отсто енергетска зависност

by А1он09/02/2015 - 17:55270
Share0

Република Македонија има енергетска зависност од 47,9 отсто од вкупните потреби на населението, а земјата произведува 1,4 милиони Мтое (енергија пресметана според еквивалент на милион тони нафта), од кои 77,9 проценти од цврсти горива (јаглен и дрво), а 22,1 отсто од обновливи извори.

Добивај вести на вибер

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова го покажуваат последните податоци на Европската канцеларија за статистика (Евростат) за производство и потрошувачка на енергија за 2013 година.

Според овие податоци, севкупната енергетска поторшувачка во Македонија во 90-тите години на минатиот век била 2,4 Мтое, а во 2013 година била 2,7 Мтое со тоа што има потреба да увезува 47,9 проценти од потребната енергија.

Во споредвба со Еворпската унија, Македонија е на речиси идентично ниво, бидејќи во просек земјите-членки на Унијата се зависни за 53,2 проценти од увоз на енергенси (најголем дел од Руската Федерација). Притоа, од самите ЕУ-земји, најзависна од увоз на енергија е Малта (104,1 проценти), а најмалку зависна е Данска (12,3 отсто).

Со 135 Мтое или 17 отсто од целосното производство на енергија, Франција е земја што е најголем производител на енергија во рамки на ЕУ за 2013 година, пред Германија (121 Мтое – 15%), Велика Британија (110 Мтое – 14%) и Холандија и Полска (71 Мтое – 9%). Во овој дел, Македонија произведува 1,4 Мтое (енергија пресметана според еквивалент на милион тони нафта), од кои 77.9 проценти се произведува од цврсти горива (јаглен и дрво), а останатите 22,1 отсто од обновливи извори на енергија.

energetika

Би можело да ве интересира

Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС и ДУИ во опозиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски04/08/2025 - 12:51

Македонија и „Казанџи Холдинг АС“ со нов енергетски проект вреден милијарда евра

Катерина Ѓуровски22/07/2025 - 11:42

Левица нема да го поддржи законот за енергетика поради зголемената либерализација

Горан Наумовски03/05/2025 - 09:10

МЕРМС: Рекордни 247 милиони денари за три месеци

Горан Наумовски28/04/2025 - 10:50

Левица: Системска ​​​​​деградација на државната енергетика преку одлив на стручни кадри

Горан Наумовски16/04/2025 - 12:14

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

A1on22/02/2024 - 10:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен