Поради штрајк на припадниците на обезбедувањето беше затворена и последната либиска нафтена рафинерија на копно.
Преку рафинеријата „Харига“ во Тобрук, источен град во близина на границата со Египет, беа изнесувани околу 120 илјади барели дневно. Рафинеријата беше затворена во саботата изутрината поради штрајк на обезбедувањето, кои протестираат поради ниските плати.
Либија во моментов остана само со две активни нафтени рафинерии во Средоземното Море. Останатите беа затворени поради судири меѓу завојуваните групации.
Поради затворање на рафинериите производството на нафта во Либија ќе биде намалено до под 300 илјади барели, што е мал дел во споредба со 1,6 милиони барели дневно, колку што земјата произведуваше пред соборувањето на режимот на Моамер Гадафи во 2011 година.